Првакот на Австралија одлучен со најлошата „паненка“ во историјата (Видео)

Сиднеј ФК ја одбрани титулата првак во фудбалското првенство на Австралија откако во пенал-серијата беше подобар од Перт глори со 4-1. По 120 минути игра, средбата заврши 0-0, па пеналите одлучуваа кој ќе биде шампион. Играчите на Сиднеј беа прецизни во сите четири обиди, а противникот изведе три пенали и погоди само еден. Во третата серија, Брендон Санталаб се обиде со „паненка“ да го измами голманот, но не успеа и чуварот на мрежата на Сиднеј остана во место, па без проблем „жива“ му ја фати топката.

Погледнете ги најинтересните моменти и смешниот неуспешен обид за „паненка“:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=283&v=eU7NbndUkRY

- Оглас -

Најнови вести