Џанлуиџи Буфон по крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, меѓутоа живата италијанска легенда нема да се пензионира и покрај тоа што има 43 години.
Пред да му каже збогум на фудбалот, Буфон ќе ѝ се врати на првата љубов, а тоа е Парма. На местото каде што почна неговата долгогодишна авантура, Буфон планира да ја одигра последната сезона во својата кариера.
Парма од следната сезона ќе биде во Серија Б, а приоритет е експресно враќање во елитата. Со Буфон меѓу диреците, таа мисија ќе биде полесна за остварување.
За екипата од „Енио Тардини“, Буфон запиша 220 настапи и освои три трофеи, меѓу кои е и тогашниот Куп на УЕФА во 1999 година.