Првенец на Дарко Чурлинов во дресот на Штутгарт

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов, денеска го постигна својот прв гол за Штутгарт и тоа на гостувањето кај Динамо Дрезден. Со неговиот гол во 88-ма минута, Штутгарт си ја потврди победата од 2-0 на дуелот со последнопласираниот тим на табелата во втирата Бундеслига позната како Цвајта.

Младиот Чурлинов го запиша својот четврти настап во дресот на Штутгарт, каде дојде од Келн, и првпат даде гол. Тој на денешниот дуел влезе во игра во 57-ма минута, а половина час подоцна постигна вреден гол кој ги остава Швабите на втората позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести