Првиот дуел меѓу поранешните вардарци Скубе, Дибиров и Чупиќ заврши без победник, Кјелце веќе е во четвртфиналето

Ракометарите на Загреб и Монпелје одиграа 27:27 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиоините кој се играше во главниот град на Хрватска.

На овој меч на спротивни страни се најдоа ракометарите кои со Вардар во 2019 година триумфираа во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ во дресот на Загреб, а Сташ Скубе во дресот на Монпелје.

На пет минути пред крајот, Монпелје имаше предност од два гола (25:27), но Загреб преку Чупиќ и Кос успеа да израмни и во последните две минути од мечот влегоа со нерешени 27:27.

Загреб во 59-тата минута не успеа да постигне гол бидејќи Кос направи пробивање, а потоа и ракометарите на Монпелје беа неуспешни во својот напад, по што натпреварот заврши без победник и патникот во осминафиналето ќе биде одлучен на реваншот во Франција.

Срна со шест гола беше најпрецизен кај Загреб, Чупиќ постигна пет гола, а Дибиров и Патрик Валчак, кој исто така го носеше дресот на Вардар, дадоа по еден гол.
Кај Монпелје, Симоне и Скубе беа најпрецизни со по шест постигнати гола.

Пласман во четвртфиналето уште по првиот натпревар обезбеди Кјелце, кој славеше на гости кај ГОГ Гудме со убедливи 25:33. И на овој меч блескаше поранешнот Вардарец, Алекс Душебаев, со девет постигнати гола.

- Оглас -

Најнови вести