Првиот фудбалер што носи кацига во Бундеслигата не се шегува: Сите играчи треба да носат заштита на главата

Клаус Ѓасула носи кацига на главата од 2013 година, а како играч на Падерборн минатиот викенд стана првиот фудбалер што играл со заштита на главата во Бундеслигата.

Во меч од Регионот на Германија пред шест сезони Ѓасула доживеа тешка повреда и оттогаш ја носи карбонската маска на главата.

Дебитираше и во Бундеслигата на „Бај арената“ во поразот на новиот прволигаш од Баер со 2:3.

„Можеби изгледа смешно, но со вакви работи не треба да се шегуваме. Сите играчи би требало да ја носат. Можеби ќе изгледаме смешно на фудбалските терени, но тие би биле многу побезбедно мести и би имало многу помалку фатални повреди на главата“, вели играчот кој има германски пасош, но е роден во Тирана, Албанија.

 

- Оглас -

Најнови вести