Првиот гол на Мундијалот е од пенал – Валенсија прв погоди за Еквадор

Еквадор го постигна првиот гол на Мундијалот, а стрелец од пенал беше Енер Валенсија.

Соиграчот на Езџан Алиоски од Фенербахче го изнуди и го реализира ударот од белата точка во 16. минута.

Претходно Еквадор постигна гол и во третата минута во главната улога беше Валенсија, но беше поништен поради офсајд.

За жал на домаќините на Мундијалот, потоа примија регуларен гол од пенал.

Ова е премиерниот меч на Светското првенство, кое ќе се игра во Катар до 18. декември.

 

- Оглас -

Најнови вести