Првиот противник на Македонија го објави составот со кој оди на ЕП

Австрискиот селектор Франко Фода ги објави имињата на 26-те играчи на кои ќе смета на Европското првенство, а Австрија на 13-ти јуни во Букурешт игра против Македонија во првото коло и тоа ќе биде историски меч за нашиот фудбал.

Добрата вест за Фода е што капитенот Јулијан Баумгартлингер, плејмејкерот Кристоф Баумгартнер и напаѓачот Марко Арнаутовиќ се подготвени, ги надминаа повредите и ќе може да настапат на шампионатот на Стариот континент.

Ова е списокот од 26 играчи:

Голмани: Даниел Бахман (Вотфорд), Павао Первен (Волфсбург), Александер Шлагер (ЛАСК Линц).

Одбрана: Давид Алаба (Баерн), Александар Драговиќ (Баер Леверкузен), Марко Фридл (Вердер, Мартин Хинтерегер (Ајнтрахт Франкфурт), Штефан Лајнер (Борусија Менхенгладбах), Филип Линхарт (Фрајбург), Штефан Пош (Хофенхајм), Кристофер Тримел (Унион Берлин), Андреас Улмер (Ред Бул Салцбург).

Среден ред: Јулиан Баумгартлингер (Баер Леверкузен), Кристоф Баумгартнер (Хофенхајм), Флоријан Грилич (Хофенхајм), Штефан Илзанкер (Ајнтрахт Франкфурт), Конрад Лајмер (Лајпциг), Валентино Лазаро (Борусија Менхенгладбах), Марсел Забицер (Лајпциг), Луис Шауб (Луцерн), Ксавер Шлагер (Волфсбург), Алесандро Шопф (Шалке).

Напад: Марко Арнаутовиќ (Шангај Порт), Михаел Грегорич (Аугсбург), Саша Калајџиќ (Штутгарт), Карим Онисиво (Мајнц).

Првиот собир на Австријците е на 27-ми мај, а со тренинзи почнуваат еден ден подоцна. На 2 јуни во Мидлсброу ќе играат пријателски меч против Англија, а потоа во Виена, на 6 јуни ќе имаат контрола против Словачка.

- Оглас -

Најнови вести