Прво меѓународно искуство за ФК Дрвош, наредниот викенд ќе игра против македонски тим во Швајцарија

Тимот кој е еден од најмладите во Македонија, ФК Дрвош, идниот викенд ќе го има првото меѓународно искуство, ќе одигра пријателски натпревар во Швајцарија против Иберико Македонија.

Натпреварот ќе одигра на 17. јуни во близина на Берн (Erlenwaldli Stadium, Erlenweg 9 2563 Ipsach) и ќе претставува вистински спектакл за Македонците.

По натпреварот меѓу Иберико Македонија и ФК Дрвош, свој настап ќе има и македонската играорна група од Волен, а потоа забавата до раните утрински часови ќе продолжи со македонските артисти Симе и Александар.

 

ФК Дрвош е нов македонски клуб од истоименото село во општина Босилово. Клубот се натпреварува во бизнис лигата „Рекреативо“ – Струмица, и сезоната ја заврши на второто место со само еден пораз, осум победи и три ремија.

Претседател на ФК Дрвош е Наце Митев, еден од нашите најпознати навивачи кој живее во Германија и редовно ги бодри македонските репрезентации низ Европа.

- Оглас -

Најнови вести