Прво зимско засилување за Работнички пристигна од Белорусија

Стоперот Бранислав Трајковиќ е првото зимско засилување на фудбалскиот клуб Работнички, а 30-годишниот стопер доаѓа во клубот од Дебар Маало од редовите на белорускиот Ислох.

Работнички е во многу незавидна позиција по првиот дел на домашното првенство и се наоѓа на последното место со само 15 бодови.

Трајковиќ е искусен играч и во кариерата има настапувано уште и за Партизан, Војводина, Земун, Хајдук Кула…

Во првото пролетно коло, или 19. во домашното првенство Работнички ќе и гостува на Струга на 16. февруари.

- Оглас -

Најнови вести