Веќе е се јасно во прволигашката конкуренција. Вардар го доби трофејот за шампионската титула, Шкендија и Силекс ќе играат во фудбалска Европа, а три скопски екипи од идната сезона ќе играат во Втората лига.
Работнички и Македонија ЃП пред својата публика попладнево ќе се збогуваат од прволигашката конкуренција со натпревари кои немаат никакво резултатско значење.
На Националната арена гостува Тиквеш, а во Ѓорче Петров ќе гостува куп-освојувачот Силекс, во натпревари на кои шанса за настап ќе имаат фудбалерите кои имале помала минутажа во текот на сезоната.
Тренерите на сите четири екипи нема што да бранат, ниту да кријат, па затоа се очекува отворен и ефикасен фудбал на двата скопски меча.

