Првпат по 63 години – Барселона го нуди „Камп ноу“ на спонзори

Барселона одлучи да им понуди на светски познатите брендови да аплицираат за спонзорство, што е уникатно, и името на една фирма да биде заедно со името на легендарниот „Камп ноу“.

Понудата е за едногодишен договор, а интересно е што досега никогаш „Камп ноу“ немал спонзорски договор и не го менувал името од 1957 година кога храмот на фудбалот е отворен и пуштен во употреба.

Планот на челниците на каталонскиот гигант се однесува за сезоната 2023/24, а очекуваат дека лицитацијата ќе им донесе добивка од 300 милиони евра.

„Камп ноу“ останува како главно име, на кое за три години ќе биде додадено уште едно име на компанијата што ќе добие можност да биде уникатен спонзор на најголемиот европски стадион со капацитет од 99 илјади места.

„Сакаме да испратиме универзална порака. За првпат некој од големите светски брендови ќе има можност да го истакне своето име на „Камп ноу“. Парите не се само за Барселона, голем дел ќе ги донираме во хуманитарни цели, објасни потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер.

Дел од парите шпанскиот гигант ќе ги искористи за разубавување на еден од најпознатите фудбалски храмови во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести