ПСВ жестоко го казни хулиганот кој го нападна голманот на Севиља (Видео)

Раководството на ПСВ Ајндховен одлучи да го казни навивачот кој го нападна голманот на Севиља со забрана за влез на стадион во следните 40 години.

На натпреварот од Европската лига кој се одигра на 23 февруари, алкохолизиран навивач на ПСВ влета во теренот и физички го нападна голманот Марко Дмитровиќ, кој мина со гребаници по вратот и главата. Со ваквата казна раководството на ПСВ само покажува дека е подготвена максимално да се бори против хулиганизмот на фудбалските терени. Воедно, од холандскиот клуб покренаа и судска постапка против навивачот за покривање на материјалната штета предизвикана од нарушувањето на угледот на трофејниот холандски клуб.

Кај навивачот на ПСВ беа констатирани 1,6 промили алкохол во крвта кога влета на „Филипс Арената“ и сега издржува тримесечна затворска казна за тој настан.

https://www.youtube.com/watch?v=EPQPhPK9mpo

- Оглас -

Најнови вести