ПСЖ ги собра куповите во Франција (видео)

ПСЖ сезонава ќе ја памети така што ги собра трофеите од двата Купа во Франција. По освојувањето на лигашкиот Куп, Светците вечерва го надиграа Монако со 2-0 и по рекорден 14-ти пат стигнаа до куп-титулата.

На „Стад де Франс“ блескаше Килијан Мбапе, кој влијаеше врз двата погодоци за тимот на Покетино. Прво во 19-тата минута му асистираше на Икарди, па во 81-вата минута со мајсторски лоб го совлада Мажецки решавајќи ги дилемите околу победникот.

- Оглас -

Најнови вести