ПСЖ го казни поради ставен „лајк“

Играчот на Пари Сен Жермен Адријан Рабио е казнет поради користење на инстаграм страницата. Рабио е во конфликт со челниците на клубот и сигурно нема да игра до крајот на сезоната, а потоа ќе си замине од клубот. Најверојатно неговиот нов клуб ќе биде Реал Мадрид.

Сепак, додека е дел од ПСЖ, Рабио мора да ги почитува правилата на францускиот првак, а ако не го прави тоа, ќе биде казнет. Токму една таква казна, Рабио ќе мора да плати поради неговата активност на социјалните мрежи. Тој стиснал „лајк“ на видеото на Патрис Евра, по елиминацијата на ПСЖ од Манчестер јунајтед.

Некогашниот играч на Манчестер јунајтед, Евра, во видео клупот се радува на елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони, а Рабио стиснал лајк на таквата објава. „Светците“ беа елиминирани во Лигата на шампиони и сега останува само да ја потврдат доминацијата во францускиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести