ПСЖ ќе го продаде Гонзало Рамош ова лето

ПСЖ е целосно фокусиран на финалето во Лигата на шампионите против Арсенал, но раководството на клубот паралелно работи и на решавање на неколку важни прашања поврзани со играчкиот кадар. Едно од нив е иднината на Гонзало Рамош, кој сè почесто се поврзува со заминување од Париз.

Според информациите, португалскиот напаѓач има реални шанси летово да ја промени средината. Причината е големата конкуренција во офанзивниот дел од тимот на Луис Енрике, поради што Рамош не успеа целосно да се избори за статус на стандарден првотимец.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач има договор со ПСЖ до 2028 година, но интерес за него веќе покажуваат неколку европски гиганти. Милан и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата, а во трката се споменува и Манчестер јунајтед.

Рамош пристигна во Париз во 2023 година од Бенфика, првично како позајмен играч, а подоцна ПСЖ ја активира клаузулата за откуп вредна 65 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Досега има одиграно 113 натпревари во дресот на францускиот шампион и има постигнато 41 гол, но статистиката покажува дека во повеќе од половина од тие мечеви влегувал од клупата за резерви. Токму ограничената минутажа е една од главните причини поради кои сè погласно се зборува за можен трансфер ова лето.

- Оглас -

Најнови вести