ПСЖ има голем проблем – Мбапе „заборави“ дека игра со Меси и Нејмар во ист тим (ФОТО)

Килијан Мбапе пред неколку месеци доби одврзани раце од страна на сопствениците на ПСЖ и едноставно тој ја има целата контрола на тоа што се случува во тимот.

Дека нешто не „штима“ во нападот на ПСЖ говори и податокот од средбата со Лион, која за волја на вистината Парижаните ја добија со 1:0.

Сепак, ако се погледне оваа фотографија, јасно е дека Мбапе има некаков проблем со Меси и Нејмар, а сè поголеми се обвинувањата дека младиот Французин не може да ги поднесе во соблекувалната.

Мбапе кон Меси и Нејмар имаше нула додавања кон нив во завршницата од нападите, односно во последната третина на теренот, што е навистина алармантно за Криштоф Гатлие.

 

- Оглас -

Најнови вести