ПСЖ летово го плати 60 милиони евра, а тој им ја донесе првата победа сезонава (Видео)

Пари Сен Жермен се намачи, но на крајот победи со 2:1 на гостувањето кај Троја, во првото коло од новото првенство на Франција. Светците се најголеми фаворити да го тргнат Лил од шампионскиот трон, но уште на стартот се уверија дека нема да биде лесна нивната мисија.

Троја поведе со гол во деветата минута, но фаворитот брзо го возврати ударот. Ашраф Хакими кој летово дојде како засилување од Интер за сума од 60 милиони евра, погоди за 1:1 во 19 минута. Со овој погодок, Хакими кој е дефанзивец, покажа дека може да биде корисен и во нападот.

Само две минути по израмнувањето, ПСЖ со голот на Мауро Икарди стигна до предност од 2:1, што се покажа и како конечен резултат. ПСЖ на овој меч беше без Нејмар, Ди Марија, Маркињос, Верати, како и новите засилувања Рамос и Донарума.

 

- Оглас -

Најнови вести