Челниците на ПСЖ му поставија ултиматум на Килијан Мбапе до крајот на сезоната да одговори дали сака да остане на „Паркот на принцовите“ или да си замине.
Мбапе минатото лето потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ, според кој може предвреме да го раскине, односно да си замине пред последната сезона.
Поради тоа, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, му даде ултиматум на Мбапе да одговори дали ќе го испочитува договорот до крај или ќе си замине идното лето.
Доколку напаѓачот одлучи предвреме да го напушти ПСЖ, сигурно е дека Ал-Келаифи уште ова лето ќе го стави на трансфер-листата со цел да заработи од него.
Како идна дестинација се споменува Реал Мадрид, кој уште минатото лето понуди 190 милиони евра, но ПСЖ одолеа на парите.