ПСЖ немаше мака, а Рамос го даде првиот гол и „експлодира“ од радост (ВИДЕО)

Серхио Рамос го постигна првиот гол во својата кариера за ПСЖ во победата над Ремс од 4:0 во рамките на 22-рото коло од Лига 1.

Дефанзивецот одлично се снајде во 62-рата минута откако по еден корнер упати удар кон голот на Предраг Рајковиќ, кој го одбрани за топката да дојде пак до Рамос, кој овојпат со сигурност ја смести топката во мрежата.

Сето ова беше за 2:0 откако Парижаните дојдоа до водство со голот на Марко Верати во 44-тата минута.

Воут Фае, пак, си постигна автогол во обид да го изблокира ударот и евентуалниот втор гол на Верати во 66-тата минута.

Конечниот резултат го постави Данило во 75-тата минута по асистенција на Килијан Мбапе.

Воедно, на теренот по неколку неделна пауза се врати и Лионел Меси, којшто изминатиов период беше во изолација по позитивен тест за ковид-19.

Со оваа победа, ПСЖ дојде до 53-тиот бод и останува сигурен лидер, додека второпласираниот Олимпик Марсеј има 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести