ПСЖ одлучи да позајми бек од Рома наместо да троши милиони

ПСЖ ќе го ангажира Алесандро Флоренци на едногодишна позајмица од Рома со опција да го откупи за 9,5 милиони евра наместо да троши милиони евра за да доведе нов десен бек. Десната бековска позиција остана дефицитна по заминувањето на Томас Мение во Б. Дортмунд, па Светците се пуштија на пазарот во потрага по негова замена.

Првите „пикови“ на Тухел беа Ектор Белерин од Арсенал и Нелсон Семедо од Барселона, меѓутоа ПСЖ беше одбиен и од двата клуба бидејќи сакаа позајмица, а Топчиите и Каталонците сакаат да ги продадат споменатите фудбалери.

Флоренци повторно ја напушта Рома на позајмица, откако вториот дел од минатата сезона го помина во редовите на Валенсија, каде што запиша 12 настапи.

- Оглас -

Најнови вести