ПСЖ почна да му се одмаздува на Мбапе, тренерот предвреме го извади од игра, а навивачите го исвиркаа

Францускиот шампион синоќа со гол од пенал во 97-мата минута се спаси од пораз во дуелот со Рен, и тоа без својата најголема ѕвезда Килијан Мбапе, која се чини дека се наоѓа на „тенок мраз“ кај управата и тренерот Луис Енрике по неговата одлука на крајот од сезоната да си замине и да потпише за Реал Мадрид.

Мбапе пред натпреварот беше исвиркан од навивачите додека доаѓаше на „Паркот на принцовите“, а уште поголемо понижување доживеа за време на натпреварот.

Напаѓачот беше изваден во игра во 65-тата минута, и тоа во моменти кога неговиот ПСЖ имаше негатива од 0:1, а Мбапе ниту беше повреден, ниту се пожали на повреда, ниту беше уморен.

 

Досега Мбапе како член на ПСЖ никогаш не бил толку рано изваден од игра во моменти кога неговиот тим имал негатива, но медиумите шпекулираат дека тоа е еден вид одмазда за неговата одлука налето да потпише за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести