2.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

ПСЖ, Реал Мадрид, Атлетико и Јувентус извисија од Топ 8, Спортинг е изненадувањето

Неверојатен расплет се случи во последното коло од групната фаза во Лига на шампиони. На крајот, Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити се екипите кои завршија на првите осум места на табелата и оебзбедија директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување на УЕФА.

Меѓу најдобрите осум ги нема најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид кој загуби со 2:4 на гости кај Бенфика и на тој начин падна дури на деветото место на табелата. Извиди и актуелниот европски првак ПСЖ кој на свој терен не успеа да го победи Њукасл (1:1) и на крајот парижани завршија на 11 позиција.

Меч од 16-финалето ќе мора да играат и Интер, Јувентус и Атлетико Мадрид. Јорганџиите од Мадрид дома загубија од Бодо/Глимт со 2:3 и испаднаа од Топ 8, а интересно е дека Бодо/Глимт како дебитант во ова натпеварување се избори за 23-тата позиција и ќе игра во нокаут фазата.

Резултати по последното коло: Ајакс – Олимпијакос 1:2, Арсенал – Каират 3:1, Алтетик Билбао – Спортинг 2:2, Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт 1:2, Барселона – Копенхаген 4:1, Баер Леверкузен – Вилјареал 3:0, Бенфика – Реал Мадрид 3:2, Борусија Д. – Интер 0:2, Бриж – Олимпик Марсеј 3:0, Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:2, Ливерпул – Карабах 6:0, Манчестер сити – Галатасарај 2:0, Монако – Јувентус 0:0, Наполи – Челзи 2:3, Пафос – Славија Прага 4:1, ПСЖ – Њукасл 1:1, ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен 1:2, Ројал Унион – Аталанта 1:0.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА

- Оглас -

Најнови вести