ПСЖ се распадна како кула од карти – Нејмар и Донарума за малку ќе се испотепале!

Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона останува само сон за Пари Сен Жермен. Клубот кој во изминативе неколку години потроши најмногу пари за фудбалери е елиминиран уште во осминафиналето, и тоа од Реал Мадрид.

Францускиот тим имаше предност од 1:0 по првиот меч, а водеше со 1:0 и на полувремето во Мадрид, но на крајот загуби со 3:1 и е елиминиран. По завршување на средбата, гостите не можеа да веруваат дека се елиминирани.

Едни информации велат дека газдата Насер Ал-Келаифи ги барал судиите, но наместо нив, успеал да влезе во конфликт со дел од вработените во Реал Мадрид. Други шпекулации се дека настанал конфликт меѓу Нејмар и Џанлуиџи Донарума. Двете големи ѕвезди влегле во вербална расправија по мечот откако меѓусебно се обвинувале за поразот.

Нејмар го посочил Донарума како главен виновник за првиот примен гол, кога голманот на ПСЖ ја загуби топката во својот петерец, а Бензема погоди за 1:1. Италијанскиот голман веднаш возвратил дека токму Нејмар ја загубил топката на средината на теренот, кога Лука Модриќ направи продор, по кој Бензема погоди и за 2:1. Наводно, соиграчите ги спречиле Нејмар и Донарума да не се степаат.

ПСЖ сезонава испадна и од Купот на Франција, а по елиминацијата од Лигата на шампионите, сега им останува само борбата за трофејот во француското првенство. Ако се знае со какви играчи располага овој тим, сигурно е премалку освојување само на титулата во француското првенство, но во овој момент тоа е реалноста за ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести