ПСЖ со гол од пенал во 97-та минута се спаси од пораз (Видео)

Лидерот во Лига 1, ПСЖ со гол од пенал во последните моменти од мечот, успеа да се спаси од пораз во дуелот со Рен кој се играше во рамки на 23-тото коло.

Херој на Светците е Гонзало Рамос кој го реализираше пеналот во 97-тата минута кој судијата Дешепи го досуди по прегледувањ на спорниот момент по сугестија на ВАР собата.

 

Претходно, Рен во 33-тата минута поведе со голот на Амин Гуири.

По 23-тото коло, ПСЖ е лидер на табелата со 54 бода, додека Рен ја прекина серијата од шест победи по ред и сега е седми со 35 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести