15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

ПСЖ со гол во 90 минута се спаси од нов срам (Видео)

Пари Сен Жермен се намачи, но на крајот успеа да победи на гостувањето кај Брест со 2:1. Ова е 13-та победа по ред на Светците во дуели со овој ривал.

Солер го доведе фаворитот до предност од 1:0 со голот постигнат во 37 минута, но само шест минути подоцна, Брест израмни и на полувреме се замина со резултат 1:1.

Овој резултат беше до 90 минута, кога Лионел Меси одлично асистираше до Килијан Мбапе, а овој успеа да погоди за победа од 2:1. Овој погодок на Мбапе е јубилеен 3.000 гол за ПСЖ во француското првенство. Тоа е 12-тиот клуб во Француското првенство кој стигнал до 3.000 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести