Пу, пу, не важи: Стојковиќ нема да се откаже од Србија

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, се кае за изјавата која ја даде веднаш по вчерашното дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кога кажа дека ќе се откаже од српското државјанство и од пасошот. Стојковиќ беше лут што судијата го призна голот на Црвена ѕвезда, иако според многумина спорно е дали топката ја помина гол-линијата или Стојковиќ успеа на време да одбрани.

Од управата на Партизан објаснуваат дека изјавата на Стојковиќ дека ќе се откаже од Србија е дадена во афект и дека играчот се кае за тоа, но дека бил многу вознемирен поради судиската неправда која била направена кон „црно-белите“.

Спорниот гол ѝ донесе бод на Црвена ѕвезда, која остана лидер во првенството, но првпат не успеа да ги освои сите три бода. Партизан е на делба на второто место, но со два бода помалку и еден меч повеќе од Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести