Публиката фрли 34.798 плишани мечиња на хокеарски меч (Видео)

Фрлањето на мечиња „Теди“ на мраз откако домашниот хокеарски тим ќе го постигне првиот гол, е 25-годишна традиција во Северна Америка во пресрет на Божиќ, а викендов навивачите на клубот Херши беарс, кој настапува во АХЛ лигата, поставија рекорд по бројот на фрлени плишани играчки.

Стануваше збор за благотворна акција, а кога хокеарите на Херши (филијала на НХЛ тимот Вашингтон капиталс) дадоа гол, тоа беше знак од трибините да полетаат огромен број мечиња Теди. Откако беа пребројани, се пресмета дека бројката е дури 34.798, што претставува рекорд кој можеби ќе биде запишан и во книгата на Гинисови рекорди.

Фрлените мечиња за време на празниците ќе им бидат поделени по училишта, цркви, банки за храна и сличи локални организации.

Погледнете како изгледаше теренот по постигнатиот гол на „мечките“:

- Оглас -

Најнови вести