Публиката се држеше за глава по трикот на Нено, но неговиот Хувентуд загуби од Барса (видео)

Нено Димитријевиќ имаше одличен настап во поразот на Хувентуд од Барселона во мечот од шпанската лига. Каталонците славеа со 95:80, а македонскиот плејмејкер предизвика овации со неговиот потег на мечот.

При еден контра-напад, Димитријевиќ во соло реализација со магичен потег го зациментира противничкиот играч за паркетот, а публиката во неверување се држеше за глава.

Одигра нешто повеќе од 18 минути, а за тоа време реализира 11 поени, две асистенции и еден скок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести