Публиката во Рим и во Глазгов ќе гледа голови

Лацио – Селтик (фудбал, Лига на Европа, 18.55 часот)

Шкотите се единствен непоразен тим во групата Е досега, па Лацио има многу мотиви да го совлада гостинот од кого загуби со пресврт во Глазгов со 1-2. Лацио на свој терен игра добро и нема лесно да му прости на Селтик за тој болен пораз. Римјаните од 5 мај не знаат за пораз на „Олимпико“. Лацио мора да победи ако сака да се најде во следната рунда и ќе нападне, па сигурно ќе има голови.

Предлог тип (квота на ден во Sport Life): 1Х & 3+ (2.20)

 

Стандард Лиеж – Ајнтрахт (фудбал, Лига на Европа, 18.55 часот)

Ајнтрахт има две победи по ред во ЛЕ, а го уништи Баерн во Бундеслигата, па гостите со огромен оптимизам отидоа во Белгија. Стандард загуби од Гент во домашното првенство и не е баш добро расположен. Двата тима дадоа по три гола во првите три кола, па според традицијата, не би требало да има премногу голови. Ајнтрахт е во налет и би требало да победи, со што би се пласирал во следната фаза.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

Борусија Менхенгладбах – Рома (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

Во групата Ј, каде што се овие тимови, многу е напнато затоа што многу мечеви завршија нерешено. Рома е прва, но има само три бода повеќе од Германците, па ако Менхенгладбах слави вечерва, неизвесноста уште повеќе ќе се зголеми. Римската Волчица е на сериозен испит, кој ако го положи, може да се надева на европска пролет. Во Рим, Рома и Борусија одиграа 1-1.

Предлог тип: 2-3 гола (2.08)

 

Еспањол – Лудогорец (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

Шпанците минимално победија во Бугарија во третото коло, па го држат првото место во групата. Ако го повторат резултатот, ќе се зацврстат на чело, но Лудогорец не играше лошо, само му изостана реализацијата која беше на врвно ниво во првите две кола, кога дадоа 8 гола. На победа на Еспањол се надева и Ференцварош, кој би можел да се вмеша во трката за првите две места.

Предлог тип: Т1 2+ (1.50)

 

Ренџерс – Порто (фудбал, Лига на Европа, 21.00 часот)

И Ренџерс и Порто имаат по четири бода, а нивниот неодамнешен дуел во Португалија заврши нерешено. Сите показатели најавуваат нов тврд и неизвесен меч. Ренџерс ќе има поддршка од трибините како плус, но Порто е доволно искусен за да не подлегне на атмосферата. И во оваа група е тесно, од првиот до последниот разликата е само три бода, па притисокот е голем и тимовите ќе се борат за секој бод.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Лацио – Селтик 1Х & 3+ (2.20)

Феенорд – Јанг бојс Т1 2+ & ГГ (2.35)

Манчестер јунајтед – Партизан Т2 1+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести