Пукаат изненадувања на сите страни – Кој очекуваше пораз на Селтик од Рос Каунти?

Не запираат сензационалните порази и неуспеси на европските гиганти викендов, ана серијалот изненадувачки резултати се приклучи и Селтик со пораз од 0:2 на домашен терен од апсолутниот аутсајдер Рос Каунти.

На „Селтик парк“, кој е дом на шкотскиот гигант пристигна тимот на Рос Каунти со серија од 13 меча на кои не успеал да го победи големиот фаворит.

Гостите приредија редок подвиг за нив и со победа од 2-0 го елиминираа вториот најтрофеен шкотски клуб од Лига Купот на Шкотска.

„Овде екипите ретко постигнуваат гол, а ние успеавме дури и да победиме без примен гол. Горд сум на моите соиграчи кои покажаа неверојатна храброст и квалитет за победа против големиот фаворит и гигант на шкотскиот фудбал“, изјави капитенот на Рос Каунти, Рос Стјуарт.

Токму капитенот најави сензација со гол од пенал во 39. минута, а комполетен нокаут за Селтик испорача Алекс Јаковити со втор гол за гостите во 84. минута.

Рос Каунти сега ќе ја чека ждрепката за четвртфиналето во Лига купот на шкотска, а Селтик загуби можност за уште една титула во богата колекција со неверојатни 58 пехари од двата купа во својата земја.

 

- Оглас -

Најнови вести