„Пукање сеир“ на сите страни на сметка на Манчестер сити

Манчестер сити уште е во шок по одлуката на Европската фудбалска куќа (УЕФА) да ги исфрли во следните две години да не смеат да играат во европските натпреварувања. Граѓаните веќе неколку години инвестираат милиони евра за да стигнат до толку посакуваната европска круна, но ако тоа не им успее оваа сезона, сигурно ќе почекаат и за следните две, во кои нема да учествуваат.

Реал Мадрид е следниот противник на Сити во елитното натпреварување, а како „сол на рана“ доаѓа информацијата дека токму шпанскиот гигант бил еден од главните иницијатори за англискиот првак да добие двегодишна суспензија од УЕФА.

Додека во Сити ја подготвуваат жалбата за одлуката на УЕФА, од српскиот клуб Јавор од Ивањица стигна интересна порака на сметка на Граѓаните.

„Ни се јавија да ни кажат дека постои можност во наредните две сезони да одиграме повеќе мечеви во европските натпреварувања од Манчестер сити“, стои во пораката на твитер-профилот на Јавор.

- Оглас -

Најнови вести