Пуле е пулен на Морезмо и е хит во Мелбурн

Лукас Пуле е хит на Отвореното првенство на Австралија и веќе се пласираше во четврт-финалето на гренд слем турнирот во Мелбурн, и тоа за првпат во кариерата.

Пуле е пулен на познатата тенисерка Амели Морезмо, а соработуваат од декември 2018 година, односно малку повеќе од еден месец, и резултатите се видливи.

Утринава францускиот тенисер со 3:1 во сетови го елиминира фаворизираниот и подоброрангираниот тенисер Борна Чориќ и ќе му се спротивстави на Милош Раониќ за влез меѓу четворката што ќе бие битка за титулата.

Ова е прво четврт-финале за 24-годишниот тенисер во Мелбурн и трето на гренд слем турнирите, по двата настапи во 2016 година на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести