Пулишиќ не сака да игра само кога нема кој, ќе бара да си замине од Челзи

Кристијан Пулишиќ е незадоволен со стаусот во Челзи и се почесто е во втор план кај Томас Тухел, кога сите играчи му се на располагање на Германецот, па ќе побара да си замине од редовите на европскиот првак.

Интересно е што американскиот репрезентативец беше стартер на последните два меча за челзи во Премиерлигата, но во чудна ситуација и по малку и принудно.

Играше како шпиц против Евертон и Вулверхемптон, што не му е природна позиција, а беше стартер поради отсуството на Вернер, Хаверц, Лукаку и Хадсон-Одои.

Сезонава Пулишиќ и долго време беше повреден, па потоа и го загуби местото во првата постава, по што се создаде незадоволство кај Американецот, па се најавува дека сака да ја смени средината за да игра стандардно во друг клуб.

Актуелниот договор на американскиот репрезентативец со Челзи е важечки до 2024 година.

 

- Оглас -

Најнови вести