Пуста желба, или реалност – Навивачите на Барса му фрлија пик на Клоп

Јирген Клоп е фаворит на навивачите на Барселона за нов тренер, а во анкетата што ја спроведе „Ел Мундо Депортиво“, германскиот стратег на клупата на Ливерпул освои 33.6 проценти од гласовите. Не можат да му ја заборават елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, но тоа веројатно и им остана во сеќавање како потврда за квалитетот на Германецот.

Втор зад Клоп според желбата на навивачите на Барса е Роналд Куман со 31.96 проценти од гласовите, а зад него е Роберто Мартинес, кој е роден во Каталонија.

Интересно е што трилингот на врвот според процентот на гласови на фановите на Барса има работено, или се уште се на кормилото на клубови од Ливерпул.

Клоп се уште е стратег на црвените од „Енфилд Роуд“, а Куман и Мартинес се поранешни тренери на градскиот ривал на Ливерпил, на екипата на Евертон.

 

- Оглас -

Најнови вести