„Пустинскиот дијамант“ е готов, велат дека е најубав стадион на светот

Стадионот во катарскиот град Ал-Рајан, кој се вика „Едјукејшн сити“, е готов и велат дека веројатно е еден од најубавите спортски објекти на светот. Катарците се подготвуваат за фудбалскиот Мундијал кој ќе се игра во декември 2022 година, а овој стадион, кој има прекар „Пустински дијамант“, е трет завршен од вкупно осумте кои се градат и на кои ќе се игра Светското првенство.

Едукацискиот град кој се наоѓа во рамките на универзитетски комплекс е ремек-дело бидејќи ноќе свети, а преку ден сјае. Има 45.000 седишта и е изграден според највисоките еколошки стандарди бидејќи за негова изградба се користеа рециклирани материјали. Се наоѓа само на 50 минути возење со воз од Бахреин.

Интересно е што по Мундијалот, 20.000 седишта од трибините ќе им бидат подарени на фудбалски федерации од земји во развој.

- Оглас -

Најнови вести