„Путин“ ги пречека фудбалерите на Динамо Киев во Истанбул!

Фенербахче го пречекува Динамо Киев во меч од Лигата на Европа, а гостите имаа непријатен пречек во Истанбул. Фанови на Фенербахче со маски на кои беше ликот на рускиот претседател Владимир Путин се подготвени да бидат на стадионот, како дел од провокациите кон гостите.

Интересно е дека Фенербахче и Динамо Киев пред помалку од два месеци одиграа два меча во квалификациите од Лигата на шампиони, а тогаш украинскиот тим славеше во Истанбул со 2:1 и го елиминираше турскиот гигант.

И на тој меч одигран во јули, фановите на Фенербахче скандираа со провокации кон противникот, а од трибините ечеше „Путин, Путин“, но тогаш тоа не им помогна многу и загубија.

УЕФА тогаш покрена дисциплинска постапка против Фенербахче и турскиот тим заработи парична казна.

- Оглас -

Најнови вести