Рабио често го менува курсот, сега фати нов правец кон Премиер лигата

Адријан Рабио не попушти под притисокот и убедувањата на поранешните соиграчи Мура и Орие и ја одби понудата на Тотенхем. Овие тројца фудбалери играа заедно во Пари Сен Жермен, клубот што сигурно ќе го напушти и Рабио.

Долго време се шпекулираше дека ќе игра за Барселона, но и од таа варијанта изгледа ќе нема ништо, па повремениот француски репрезентативец сега го смени правецот и сака да замине во Ливерпул.

Еден од најталентираните фудбалери на Франција минува низ лош период.  Најпрвин летоска одби да се појави во кампот на француската репрезентација како резерва, па ја загуби шансата да игра на Мундијалот. „Триколорите“ станаа светски прваци, а Рабио ладнокрвно одби да се бори за да биде дел од шампионската генерација.

И во ПСЖ не му цветаат рози, па и таму е со „замрзнат“ статус. Не игра откако објави дека сака да си оди, па сега чека шанса за нов почеток. Договорот со „светците“ од Париз му важи до ова лето.

- Оглас -

Најнови вести