Работнички е пресилен за МЗТ Скопје 2

Работнички беше убедлив и очекувано го победи вториот тим на вечниот ривал МЗТ Скопје со 103:58 во првиот меч за двете екипи во новата сезона.

Избраниците на Горан Крстевски го играа историскиот меч во Првата лига, но немаа сили за посериозен отпор против најтрофејната екипа во Македонија.

Ова беше и прв меч за Димитар Мираковски како тренер на Работнички, кој очекувано славеше против младинците на МЗТ Скопје.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, што фаворитот го доби со 48-35, а разликата во квалитет се потврди и во продолжението, па Работнички на крајот славеше со 45 поени разлика.

Во дебито во прволигашката конкуренција на МЗТ Скопје 2 се истакнаа Леонид Тодоровски и Борјан Стојановски, кои беа најефикасни со по 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести