Работнички фати залет во АБА2, го надигра и Ловќен

Дебаклот од Студентски центар беше добра шлаканица, па Работнички се разигра и оствари две победи во низа по денешниот триумф над Ловќен со 82:77 конечни во третото коло од АБА2 лигата.

Центарци очигледно го најдоа победничкиот рецепт и сосема заслужено ја запишаа новата победа, откако ги освоија првите три четвртини. Ловќен во неколку наврати се обидуваше да направи резулатски пресврт, но секоја минимална предност Работнички брзо ја претвораше во тотална контрола врз резултатот.

Питс со 19 и Балмазовиќ со 18 поени го предводеа тимот на Мираковски, за поразените не беа доволни 27-те поени на Џукановиќ.

- Оглас -

Најнови вести