Работнички рутински совлада плејоф тим, а ќе игра плеј-аут во АБА 2 лигата

Кошаркарите на Работнички ја победија Слобода Ужице со 87-77 во последното коло од регуларната сезона во АБА 2 лигата. Скопските црвено-бели доминираа во првите три четвртини и направија разлика која Слобода не можеше да ја стигне, иако српскиот тим последната четвртина ја доби со 11 поени разлика.

Оваа победа го смести Работнички на 12-то место, што значи настап во плејаутот. Во полуфиналето од битката за опстанок, Работнички игра со Сутјеска, и ако ја совлада, ќе има право и следната сезона да игра во АБА 2 конкуренцијата.

Љубомир Младеновски со фантастичен дабл-дабл од 20 поени и 17 скока, беше најкорисен поединец во тимот на тренерот Димитар Мираковски. Торнтон уфрли 20 поени, Питс 18, додека Мулалиќ застана на 11.

Македонија ќе има свој тим во разигрувањето за титулата. Тоа е МЗТ Скопје Аеродром кој доцна вечерва ќе го дознае својот четвртфинален противник. Денеска Штрковите го победија Златибор кој беше домаќин на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести