МЗТ Скопје Аеродром со победа од 19 разлика го заврши регуларниот дел од сезона во АБА 2

МЗТ Скопје Аеродром со скор од осум победи и пет порази го завршува регуларниот дел сезоната во АБА 2 лигата. Аеродромци без многу проблеми со 90:71 го победија домаќинот Златибор и само го потврди местото во плеј-офот за разигрување и влез во АБА 1 лигата.

МЗТ Скопје Аеродорм лошо го започна мечот, па Златибор по првите 10 минути имаше водство од 25:14. На почетокот на вториот дел, Златибор поведе и со 30:16, но потоа следува серија на македонскиот првак. Со низа од 21:6, МЗТ уште во втората четвртина направи пресврт и поведе со 39:36.

Од тој момент, па до крајот, МЗТ го контролираше резултатот, а во пресрет на последната четвртина водеше со 67:60. Последниот квартал започна со 8:0 за МЗТ и водството од 75:60 беше доволно да го откажат противникот.

Крстевски со 25 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а одлични беа и Николов со 18 поени, Тарнер 16 и капитенот Стојановски со 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести