Фудбалерите на Работнички денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. По неколкуте промени на клупата оваа сезона, тимот сега е под водство на Муарем Муарем, кој станува четвртиот тренер на клубот оваа сезона.
Романтичарите влегуваат во пролетниот дел со јасна цел – да се извлечат од дното на табелата и да го сочуваат прволигашкиот статус. Сепак, предизвикот е голем: есенската полуетапа беше тежок период за клубот, со нестабилни резултати и неколку порази кои ја направија ситуацијата на табелата незавидна.

Неколку фудбалери веќе го напуштија тимот, а управата најавува и доаѓање на нови имиња кои треба да внесат свежина и квалитет во тимот. Очекувањата се дека новите засилувања ќе помогнат да се врати стабилноста во играта и да се зголеми конкуренцијата во тимот.

