Кошаркарскиот клуб Работнички по три години повторно ќе заигра во регионалната АБА-2 лига, но вечерашниот меч од 18 часот против Сутјеска е посебен затоа што скопските Црвено-бели првпат ќе заиграат еден јадрански меч на свој терен во Скопје.
„По три години, Работнички се враќа во АБА-2 лигата, што за нас претставува огромно задоволство. Нашата група можеби е најсилна, но ние ќе го даваме максимумот на секој меч. Сутјеска е многу искусен тим со одличен тренер. Посакувам поддршка од трибините, нашите Сити парк бојс да дојдат во што поголем број и да биде празник на кошарката, па нека победи подобриот“, изјави тренерот Горан Самарџиев.
Според квотите во Sport Life, поголеми шанси за победа му се даваат на црногорскиот тим, чиј тренер е поранешниот македонски селектор Драган Бајиќ, а во играчкиот кадар е некогашниот крилен центар на МЗТ, Радосав Спасојевиќ.
Ова е предизвик за Работнички да покаже дека букмејкерите можеби погрешно го процениле односот на силите. Во Sport Life имате над 60 игри на кои може да се обложите за овој меч.