Работник го збриша Спартак среде Москва, против Нексе во осминафиналето

Еурофарм Работник убедливо славеше на гостувањето во Москва против Спартак со резултат од 33:21. Битолчани го забележаа првиот тримф на гости во СЕХА лигата, за успешен крај во групната фаза. Работник во осминафиналето од регионалното натпреварување ќе ги одмери силите со Нексе Нашице.

Македонскиот претставник уште во раната фаза од мечот најави дека ќе даде сè од себе за да обезбеди добар резултат во руската престолнина. Веќе по 25 минути игра Работник дојде до +8 предност преку Радовиќ, додека Граѓан продолжи со средбата и во вториот дел. На дваесетина минути до крајот речиси да беше јасно дека екипата од Битола ќе ги освои бодовите, ниту лошата реализација во во финишот не им пречеше.

Граѓан со седум погодоци го предводеше Работник до четвртата победа во групите, а на високо ниво беше и голманското дуо Митревски – Чаневски, кои запишаа вкупно 18 интервенции на мечот.

Осминафиналниот двомеч со Нексе е закажан за почетокот на февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести