Радио во Гана, родната земја на Кристијан Атсу, објави дека фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајспор е пронајден жив.
Тоа е одлична вест, но засега нема конкретна потврда ниту од радиото што ја објави веста, ниту од други релевантни медиуми.
https://twitter.com/unrulyking00/status/1622649217104609317?s=20&t=WYtCwShrzXTaSd6EKY2glA
Атсу и спортскиот директор на Хатајспор, Танер Савут, се водат како исчезнати по силниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер што се случи ноќеска во Турција.
Атсу вчера играше за Хатајспор и беше стрелец на победнички гол во 97-мата минута.
Фудбалерот од Гана има играно за премиерлигашите Челзи и Њукасл.
За жал, од Турција стигна и непријатни вести дека е пронајдено телото на 28-годишниот голман на Малатијаспор, Ејуп Туркаслан.
И тој се водеше како исчезнат, но сега е потврдено дека настрадал во земјотресот.