Раднички Ниш мора со сите сили да ја нападне Флора, играјте на голови во Мостар и Рејкјавик

Зрињски – Академија Пандев (19.00 часот)

По победата на мостарци од 3-0 на првиот меч во Скопје, речиси и да нема дилеми кој тим ќе оди понатаму, па двата тима може без голем притисок да го одиграат реваншот. Зрињски повторно е фаворит, а струмичани ќе се обидат да им ги замрсат сметките. Пандевци нема што да загубат, ќе треба да нападнат, но тоа може да остави и повеќе простор во одбраната, што Зрињски ќе може да го казни.

Предлог тип: 1+ I & 1+ II (1.75)

 

Раднички Ниш – Флора Талин (20.45 часот)

Поразот во Талин од 0-2, го принудува Раднички да нападне со сите сили и да се обиде да направи подвиг. Флора на последните три европски гостувања нема дадено гол и тука нишлии гледаат шанса. Но, лигата во Естонија е почната, Флора е во натпреварувачки ритам и тоа е нивна предност на гостувањето на „Чаир“.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.20)

 

КР Рејкјавик – Молде (21.00 часот)

Норвешкиот тим го доби првиот меч со 7-1 и ги решија дилемите околу патникот во следното коло, а веруваме дека ниту денеска Исланѓаните нема да можат да се реваншираат. Едноставно, Молде е поквалитетен тим, а она што би требало да биде исто како на првиот дуел е дека ќе има повеќе од два гола.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.85)

 

Легија – Колеџ Европа (21.00 часот)

Полјаците се апсолутни фаворити, но првиот меч на Гибралтар заврши 0-0 и ова покажува дека ФК Европа и не е толку лош тим. Овојпат бункерот и среќата нема да им помогнат на гостите. Легија, која играше ефикасно на контролните средби, сигурно ќе успее да постигне три до четири голови и без проблем да се пласира во следната рунда.

Предлог тип: 3-4 гола (2.50)

 

Шкупи – Пјуник (20.30 часот)

Првиот меч во Ереван заврши 3-3, двата тима имаа шанса да победат, но реваншот во Скопје ќе го одреди патникот во следната фаза. Чаирчани покажаа дека може да се носат со овој незгоден тим од Ерменија, а Пјуник е добро познат и како тим кој често ги елиминира македонските претставници, затоа Шкупи нема да има лесна задача. Квотите се изедначени, можеби повторно ќе одиграат реми, сега со помалку голови.

Предлог тип: Х (3.40)

 

- Оглас -

Најнови вести