Радосна вест за прогнозерите – наскоро почнува втората сезона на Спортска прогноза

Почетокот на повеќето главни фудбалски лиги низ Европа е доволна причина за наскоро да почне и втората сезона на Вашата омилена Спортска прогноза на Спорт Манија.

Знаеме дека ланските учесници се нетрпеливи да почне новата сезона, а многумина кои сакаат првпат да играат исто така се заинтересирани, па на сите нив им излегуваме во пресрет.

За втората сезона на Спортска прогноза подготвивме многу новини, полесно следење на успехот по секое коло и во генералниот пласман, можност за промена на прогнозата до почетокот на првиот натпревар, статистика во живо на прогнозираните натпревари, ажурирање на бројот на погодените натпревари по крајот на секој натпревар…

 

АКО УШТЕ НЕМАТЕ SPORT LIFE КЛУБ КАРТИЧКА, АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ДА ЈА ДОБИЕТЕ

Правилата за учество во Спортската прогноза ќе бидат малку изменети, а главна новина е што за да учествувате, мора да имате СЛ КЛУБ картичка. Доколку веќе сте член на Sport Life клубот, нема пречки да учествувате во прогнозирањето, а ако не сте, треба да станете член што поскоро, да го почнете натпреварувањето со првото коло и да бидете во игра за наградите во генералниот пласман.

Сè што треба да направите е да посетите едно од уплатните места на обложувалниците Sport Life и да аплицирате за добивање на картичка, без која нема да може да се борите за вредните награди кои ги доделуваме по секое коло и, секако, оние на крајот од сезоната.

 

БИДЕТЕ РЕДОВНИ, МНОГУ Е ВАЖЕН И ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН, НАГРАДИТЕ ЌЕ БИДАТ ГОЛЕМИ

Во минатата сезона, 1 620 лица учествуваа во прогнозирањето барем во едно коло, а на највисоките места на табелата во генералниот пласман се најдоа оние најредовните играчи, кои собираа поени во секое коло. Наградите за најуспешните во генералниот пласман ќе бидат многу вредни, затоа не чекајте, доколку немате СЛ КЛУБ картичка, обезбедете ја навреме и подготвени пречекајте ја новата сезона на Спортска прогноза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести