Радост во Тбилиси, a грми и во Скопје! Цела нација го слави историскиот пласман (видео)

Народот излезе на улици да ја слави историската победа на Македонија за пласман на претстојното Европско првенство. Избраниците на Игор Ангеловски ја надиграа Грузија среде Тбилиси, на нивен терен, големиот Горан Пандев како вистински лидер на оваа златна репрезентација го оствари сонот на секој Македонец.

Гранде Пандев, Елмас, Несторовски, Адеми, Ристовски, лавовски се бореа за моментот кој се чекаше од самото осамстојување на Македонија. Како што се слави во Тбилиси, така грми и нашиот главен град, народот излезе да го прослави историскиот момент.

- Оглас -

Најнови вести