Италијанска мода во Тбилиси – Елмас се разигра, Пандев ја круниса акцијата за ЕП

 

Италијанска мода во Тбилиси им скрои совршена акција на Грузијците во 56. минута, а триото од Серија А, Елмас, Несторовски и Пандев на фантастичен начин ја изигра одбраната на Грузија и ни донесе предност од 1:0 на дваесеттина минути до крај.

Капитенот Горан Пандев беше реализаторот во трилингот наши репрезентативци што играат во Италија, а веднаш потоа Елмас за влакно не погоди за 2:0. Играчот на Наполи промаши од 20-на метри, а топката за млку мина крај десната статива на домашниот гол.

Остануваат уште последните 20 минути до огромен успех и пласман на Македонија на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести