Рафа Бенитес по седум години се враќа во Ла Лига

Трофејниот шпански тренер Рафаел Бенитес ќе биде нов тренер на Селта, соопшти шпанскиот тим.

Селта објави дека е договорено Бенитес на почетокот од јули, кога ќе започне летниот преоден рок, ќе потпише едногодишен договор, со можност да се продолжи на уште две години.

Бенитес без ангажман е од јануари 2022 година кога доби отказ од Евертон. Во богата тренерска кариера ги водеше и Реал Мадрид, Интер, Челси, Њукасл, Валенсија и Наполи. Со Ливерпул во 2005 година триумфира во Лигата на шампионите.

Со Валенсија двапати триумфира во Ла Лига и во Купот на УЕФА, со Интер триумфира на Светското клупско првенство, со Челси во Лигата на Европа, додека со Наполи го освои Купот на Италија.

Последен пат, Бенитес работеше во Ла Лига во 2015 година кога седеше на клупата на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести